Достапни линкови

Њујорк: Денеска одделни средби на Нимиц со Бакојани и Црвенковски


Посредникот на ОН во македонско-грчкиот спор околу името Метју Нимиц денеска во Њујорк ќе има одделни средби со македонскиот претседател Бранко Црвенковски и со шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани. На средбите, според најавите, треба да стане збор за рамката идеи што ги изнесе Нимиц на последната рунда разговори во Њујорк со преговарачите на двете земји. Името, како што јави МИА, ќе биде главна тема и на средбата што македонската делегација која учествува на Генералното собрание на ОН денеска треба да ја има и со Даниел Фрид, помошникот на американскиот државен секретар Кондолиза Рајс. Грчките медиуми, пак, за утре најавуваат средба Рајс-Бакојани. Засега нема официјална потврда за можни директни средби меѓу македонската и грчката делегација во Њујорк.
XS
SM
MD
LG