Достапни линкови

Верона: Македонска владина делегација во посета на Италија за привлекување инвестиции


Заменик претседателот на македонската влада Зоран Ставрески го предводи владиниот тим кој од денеска е во посета на Република Италија, во рамки на кампањата за привлекување на странски инвестиции во Македонија. Владината делегација ќе ги посети градовите Верона и Бреша. Вицепремиерот Ставрески, како што е најавено, ќе се обрати пред високи претставници на повеќе од 200 реномирани италијански и мултинационални компании при што ќе им бидат презентирани економските политики и реформи и погодностите за инвестирање во Република Македонија.
XS
SM
MD
LG