Достапни линкови

Експертите предупредуваат дека мора да се преземат поригорозни чекори


Инфлацијата во Хрватска изнесува над осум насто и е најголема од илјада деветстотини деведесет и четвртата година. Тамошните експерти предупредуваат дека доколку не бидат преземни поруигорозни чекори инфлацијата ќе продолжи да расте.

Рекордната инфлација и рекордната стагнација покажуваат дека на Хрватска и претстојат тешки години за заздравување на нејзината економија, предупредуваат економските аналитичари и опозицијата во таа земја.

„Како последица од покачувањето на цените имаме големи пресметки и неодговорна потрошувачка. Тоа е опасна комбинација во економските трендови со потенцијал да експлодира.“

Вели претседателот на Хрватската народна партија Радимир Чачиќ. Причините за инфлацијата во Хрватска се пред надворешни, но не заостануваат и оние домашните. Директорот на Архив аналитика Велимир Шоње излезот го гледа во флексибилната фискална политика и во вкупното намалување на сите даноци. Сепак тој предупредува на задолжително преиспитување на капиталните државни инвестиции:

„Хрватска во голем дел, благодарение на јавните вложувања, ја растегна стапката на инвестиции нна триесет насто од бруто домашниот производ. Тоа беше најголема стапка на инвестирање меѓу транзиционите земји. Но, економскиот раст од тие инвестиции е просечен. Нашите инвестиции не беа ефикасни.“

Вели Шуње, додавајќи дека пет до шест други земји во транзиција за истото тоа време имале побрз раст од Хрватска. За итни мерки и резови во борбата против инфлацијата се залага и економскиот аналитичар Драган Ковачевиќ:

„Статистички до крајот на годинава некако ќе се вклопиме на шест седум насто, но ако имате раст на индексот на цените за единаесет насто влегувате во двоцифрена инфлација.“

Советникот на хрватскиот претседател за стопанство Дубравко Радошевиќ се залага за контролиорана инфлација, која според него, би ја спречила експлозијата на надуваниот балон.

„Во соседна Србија имаат инфалција од шеснаесет насто. Не смееме да си дозволиме двоцифрена инфлација. Горната граница на одржливост и прифатливост е до осум насто.“

Вели Радошевиќ кој смета дека досега најголем придонес во контролата на инфлацијата дале хрватските граѓани преку намалени плати и опаѓање на животниот стандард.
XS
SM
MD
LG