Достапни линкови

logo-print

Премиерот бега од одговорноста, оценуваат експертите


Министерот за надворешни работи Милошоски денеска замина за Њујорк каде што на годишното собрание на Обединетите Нации веке три дена приствува и престедателот Црвенсковски. Заминувањето на Милошоски кој во петокот се сретна и со Бакојани беше неизвесно до последен момент. Премиерот Груевски вчера најавуајки го неговото заминување истакна дека Црвенковски ќе има прилика во Њујорк да дојде до некое решение и како што рече да и го понуди на јавноста во Македонија. Дел од домашните налаитичари кометирајки ја оваа изава на премреот велат дека жешкиот костен односно преговарањето владата сега сака да го префлрла во рацете на претеседателот. Според директорот на цантарот за истражување и креирање политики Жидас Даскаловски во ваква ситуација кога и не се одржа вообичаена координација на државниот врв Црвенкосвки нема голем простор за преговарање во Њујорк

„Тој таму не може ништо друго да направи освен да каже што е прифатливо за Република Македонија. Но, тој тоа може да го направи во функција претседател на Република Македонија, а не претседател на Владата на Република Македонија и тука е проблемот, значи јас не очекувам ништо официјално таму да излезе.“

Зошто пак токму во овој момнет кога се одржува генералното собрание кое според гласините е еден од клучните моменти за спорот се избегна и координацијата а премиерот очекува претседателот да преговара Даскаловски вели:

„Можеби дојдено е до моментот кога треба да се каже да на некаков така наречен компромис.“

Со слично размислување и професорот на штуловиот универзитет Јетон Шасивари. Според него ваквиот однос на владата кон проблемот значи бегање од одговоронста.

„Премиерот во последен момент успеа целиот товар да му го препушти на претседателот, а тоа значи и одговорноста на претседателот. Сметам дека тука влијание имаат дневно политичките односи меѓу претседателот и премиерот.“

Шасивари очекува деновиве од средбите во Њујорк да произезле евентулано предлог решение:

„Јас сметам дека американскиот притисок ќе биде деновиве најжежок во поглед на целиот процес бидејќи бушовата администрација е на заминување и очекувам во овие последни моменти да произлезе предлог решение.“

Засега нема официјални најави за средби на Црвенсковски и Милошски со преставници на американската админитсрација.Кабинетот на претсеседателот вчера демантираше дека е закажана средба со Бакојани.
XS
SM
MD
LG