Достапни линкови

Исламабад: Чешкиот амбасадор во Пакистан загинал во нападот на хотелот ,,Мериот"


Чешкиот амбасадор во Пакистан Иво Здарек загинал во бомбашкиот напад врз Хотелот Мериот во Исламабад, изјави денеска пакистанскиот премиер Сијед Гилани. Чешкиот амбасадор предходно се водеше како исчезнат. Според последните податоци во несреката загинале над педесет лица, а околу 250 се ранети. Засега никој не ја превзел одговорноста за овој напад. Американските безбедносни сили изјавија дека според сите карактеристики терористичката организација Ал-Каеда ги извршила нападите.
XS
SM
MD
LG