Достапни линкови

logo-print

Скопје: Акција на владата ,,Чиста и европска Македонија"


Владата, во соработка со ЗЕЛС, единиците на локалната самоуправа и граѓанската асоцијација „Ден на дрвото“, денеска спроведуваат акција под мотото „ЧИСТА И ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈА“. Акцијата ќе се одвива на целата територија на државата. Целта е преку позитивен пример на дејствување да се означи почетокот на спроведувањето на Законот за јавна чистота, кој стапува во сила од утре. Со Законот се предвидени мерки за одржување на животната средина во чиста и уредна состојба, но и ригорозни казни за прекршителите.
XS
SM
MD
LG