Достапни линкови

Рим: Владата на Берлускони до наредната пролет ќе предложи национален енергетски план


Италијанскиот премиер Силвио Берлускони денеска изјави дека неговата влада најдоцна до наредната пролет ќе предложи национален енергетски план кој ќе вклучува и употреба на нуклеарна енергија. Целта е да се пронајдат алтернативни извори за производство на струја, а планот предвидува изградба на нуклеарна централа, со што ќе се намалат трошоците на домаќинствата и фирмите, рече Берлускони. Пред две години жителите на Италија гласаа против изградба на нуклеарна централа за производство на електрична енергија.
XS
SM
MD
LG