Достапни линкови

Атина: Грчките фирми во Македонија се дискриминирани, пишува „Та Неа“


Грчките фирми во Македонија се дискриминирани од страна на власта и ја плаќаат цената за влошените односи меѓу двете двете земји за спорот со уставното име , а се повеќе грчки инвеститори планираат да се повлечат од македонскиот пазар, пишува денеска грчкиот весник „Та неа“. Дипломати и економисти прогнозираат дека односите меѓу двете земји уште повеќе ќе се влошат кон крајот на есента, кога се очекува извештајот на Европската унија, кој нема да има задоволителна оценка и Македонија нема да добие датум за предпристапни преговори со Унијата, наведува „Та неа“.
XS
SM
MD
LG