Достапни линкови

logo-print

Исламабад: Најмалку 40 загинати во експлозија на бомба пред хотелот Мериот


Најмалку четириесет лица загинаа во денешната експлозија на бомба пред хотелот Мериот во главниот град на Пакистан, јавуваат локалните власти. Локалната полиција соопштуваат и за голем број на ранети, а се страхува дека бројот на загинати и понатаму ќе расне. Овој напад се случи неколку часа по изјавата на пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари, дека Пакистан нема да го толерира тероризмот или насилството врз неговиот народ предизвикан од странски терористи. Хотелот Мериот во Исламабад и предходно беше цел на напади од страна на милитански групи.
XS
SM
MD
LG