Достапни линкови

logo-print

Вашингтон: Македонската влада генерално ги почитува верските слободи во практика, оценка на САД


Македонската влада генерално ги почитува верските слободи во практика. Ова е оценката за Македонија во најновиот извештај на американскиот Стејт Департмент за верските слободи во светот годинава. Во извештајот се додава дека новиот закон за верски заедници ги отстрани претходните рестрикции околу регистрацијата на верските организации и оти американската влада разговара за верските слободи со владата на Македонија како дел од целосната политика на промовирање на човековите права.
XS
SM
MD
LG