Достапни линкови

logo-print

Стотици милијарди долари за сигурност на финансискииот систем


Америакнскиот претседател Џорџ Буш вечерва ги соопшти тековните мерки и планот на неговата администрација за справување со финансиската криза која ги потресе светските берзи. Денеска берзите заблежаа раст а акциите на Вол Стрит на отворањето пораснаа за 400 поени. Во центарот на проблемот е хипотекарна криза.

Американската влада соопшти дека креирала план за справуавње со милијардите долари таканаречени лоши заеми кои се во центарот на американската финансиска криза. Според предлогот за кој е потребно одобрение од Конгресот, владина агенција ке ги откупи кредитите на Банките поврзани со хипотекарната криза. Потоа владата ке воведе рестрикции на краткотрајните продажби – пракса позната како позајмување акции па продажба и повторно купување на истите кога ке им падне цената Американскиот министер за финансии Хнери Поулсон изјави дека планот чини стотици милијарди долари.

,,Ние зборуваме за стотици милијарди долари, Тие се потребни за да се направи вистинска разлика и проблемот да се погоди во срце."

Овие проблематични заеми сега се замрзнати и Поулсин е убеден дека овој план многу помалку ке ги чини американците отколку да продолжи падот на финасиските институции и да се замрзне пазарот со што ке се оневозможи економскиот раст. Американскиот Претседател Џорџ Буш попладнето даде изјава за серијата мерки кои се презимаат како и интензивна работа со Конгресот за системски решенија за подобрување на состојбата на финансиските институции и смирување на потресите на американскиот и глобалната финансиски пазари

,,Ова не е време за партиски работи. Мора да се здружиме зи итно да донесе легислатива. Без тоа ке се одложи акцијата која е итно потребна. Ке работам заедно со демокартите и републиканците за да ги надминеме овие тешки економски времиња и да се вратиме на патот на долготрајниот напредок."

По координираната акција на Централните банки за внесување пари ан пазарот порасна довербата и на речиси сите берзи е забалежан раст. На Вол стрит акциите при денешното отворање забележаа пораст за 400 поени. Како и да е, изминува тешка и турбулентна недела за глобалниот финансиски систем која започна со колапсот на 4 та по големина американска инвестициона Банка Леман Брадерс. Според упатените проблемот може да се спореди со колапсот на пирамидалните штедилници во Русија, Албанија. Зад Пирамидалните шеми во многу форми имено секогаш стои илузијата за бизнис кои расте. Едноставно тоа се случи и во Соединетите држави, со разлика што таму бизнис постоеше и тоа легален. Пред околу 7 години имено многу американци почнаа да купуваат уште по една куќа со цел малку подоцна да ја продадат поскапо и да заработат. И така се повеќе и повеќе американци не давајки ништо или вложувајки само по 5 или 10 насто купуваа земајки хипотеки. Цените на куќите растеа и сите беа задоволни, но одеднаш на пазарот имаше многу повеќе куќи од муштерии кои би ги купиле и цените паднаа долу, а хипотеки кои станаа поскапи од куќите што сега не можеа да ги продадат. Тогаш почнаа проблемите и на Банките кои се врзаа во сопствена пирамида позајмувајки една од друга. Онаа Банка која ги имаше хиптеките помина најлошо. Илузијата ја снема, а многу Банки и надвор од Америка беа дел од неа. Тие ги купуваа заемите на ист начин како што странски институции инвестираа во Америка на берзите. Затоа и сега луѓето надвор од Соединетите Држави се погодени со тамошните случувања.
XS
SM
MD
LG