Достапни линкови

Американската влада работи на план за расчистување на проблемите на финансиските институции


Американските лидери денеска соопштија дека работат на сеопфатен план за расчистување на проблемите на финансиските институции и смирување на глобалниот финансиски пазар. По координираната акција на Централните Банки порасна довербата и на речиси сите берзи е забалежан растеж. Како и да е, американската хипотекарна криза толку го потресе глобалниот финансиски систем што сите се прашуваат од каде и како дојде до тоа.

Довербата велат се враќа и на берзите е регистриран растеж по објавата на планот за расчистување на лошите финансии и координираната акција на Централните банки. Секретарот за финансии Хенри Поулсон по разговорите во Комгресот за носење итна легислатива за надминување на кризата изјави.

„Тоа врз што сега работиме е нов пристап за справување со систематскиот ризик на нашите главни пазари. Станува збор за сеопфатен пристап кој бара нова легислатура.“

И берзата на Доу Џонс порасна за речиси 4 насто, како и берзите во Азија Австралија и Јапонија. Како и да е, изминува тешка и турбулентна недела за глобалниот финансиски систем која започна со колапсот на 4 та по големина американска инвестициона Банка Леман Брадерс. Според упатените проблемот може да се спореди со колапсот на пирамидалните штедилници во Русија, Албанија па и Македонскиот случај ТАТ. Зад Пирамидалните шеми во многу форми имено секогаш стои илузијата за бизнис кои расте,

Еве како тоа функционира. Некој ке пушти оглас за висок профит ако вложите во неговиот бизнис, а всушност тој не постоји. Но вие тоа не го знаете и вложувате. Е, сега доаѓа убавиот дел. Парите ви се враќаат. Имате ќар. Им кажувате на пријателите, па вложуваат и тие. И така, бројот расте, но се си има свој крај и доаѓа до колапс. Пирамидата се растура бидејки во реалноста добиваат само оние кои се вклучиле на почетокот.

Едноставно тоа се случи и во Соединетите држави, со разлика што таму бизнис постоеше. И тоа легален, а не како во Русија, Албанија и Македонија. Пред околу 7 години многу американци почнаа да купуваат уште по една куќа со цел малку подоцна да ја продадат поскапо и да заработат. И така се повеќе и повече американци не давајки ништо или вложувајки само по 5 или 10 насто купуваа земајки хипотеки. Цените на куќите растеа и сите беа задоволни. Арно ама, одеднаш на пазарот имаше многу повеќе куќи од муштерии кои би ги купиле и цените паднаа долу. И тогаш на многумина сонот за брзо богатење стана кошмар, бидејки требаше да плаќаат месечни рати за хипотеки кои станаа поскапи од куќите што сега не можеа да ги продадат.

Тогаш почнаа проблемите и на Банките кои се врзаа во сопствена пирамида позајмувајки една од друга. Онаа Банка која ги имаше хиптеките помина најлошо. Илузијата ја снема, а многу Банки и надвор од Америка беа дел од неа. Тие ги купуваа заемите на ист начин како што странски институции инвестираа во Америка на берзите. Затоа и сега луѓето надвор од Соединетите Држави се толку погодени со тамошните случувања. Наравоучението е дека луѓето не треба да трошат повеке одколку што заработуваат, а Банките да позајмуваат повеке одколку што можат да соберат, иако целосната слика во Америка е малку покомплицирана од ваквото поедноставено објаснување.
XS
SM
MD
LG