Достапни линкови

Наместо државничко однесување, политички игри за домашна употрeба, оценуваат аналитичарите


Црвенсковски утре а Милошоски во понеделник по се изгледа ке заминат на годишното собрание на обединтеите нации во Њујорк без претходно консулатции за пиолседните пакет идеи на медијаторот Нимиц.Како што информираат од кабениетот на претседателот и денеска нема одговор од кабинетот на премиерот за одржување на кооррдинативна средба за името иако им биле понудени неколку термини. Зошто Груевски не прифаќа средба на државниот врв он неговиот кабинте не успеавме да обезбедиме одговор. Аналитичарите пак со различни ставови колку е неопхопдна координација и зошто се избегнува. Според Ризван Сулејмани може да се во игра неколку сценарија:

„Едно е или се очекува да има некој поволен резултат, па битката е кој ќе ги жнее тие резултати или пак спротивното, дефитивно резултат можеби атрактивен, но страв за некое решение кое би било прифатливо.“

Како и да е додава тој ваквиот однос не е државнички туку се работи за политичка игра. Каков пак впечаток ке оставиме во Њујорк ако како државен врв немаме заеднички изгарден став

„Треба да признаеме дека ние одамна не сме етаблирани како зрела држава за клучни големи игри.“

Собранието на Обединетите Нации пак во јавноста се најавуваше како еден од клучните моменти за спорот со името каде што според гласините можен е конкретен предлог под американско покровителство кој ке им биде презентиран на министрите за надворешни работи на двете земји. Професорот Јован Донев смета дека таму нема да се случи ништо и токму поради тоа вели тој не треба да се свака трагично тоа што нема координација пред заминувањето на нашата државна делегација

„Мене ако ме прашате за тие гледања нивни – страгеија се утврдува еднаш, се утврдуваат принципи на разговор итн. Ако има драстични промени ќе се услогласуваме, ако нема што ќе усогласуваме.“

Полседниот пакет идеи на Нимиц кој на преговарачите им беше презентиран пред седум дена според она што го објавија пред се грчките медиуми содржи варијации на имињата Северна и Горна Македонија. Грчаката шефица на дипломатија Бакојани рече дека симло веруваат во можноста да се најде решени од кое двете страни ке бидат задоволни и нема да има поразени. Нашиот државен врв одгаш молчи а Цревенсковски во интевју за ројтерс изјави дека доколку ви следниве неколку недели не се најде решение тогаш спорот може да биде змразнат една година со што би се замрзнало и нашето евроатлснако интегрирање.
XS
SM
MD
LG