Достапни линкови

Подгорица: Опозициската Либерална партија ќе бара укинување на парламентаризмот


Црногорската опозициска Либерална партија им предложи денеска на пратениците од владејачката коалиција на првото наредно заседание Парламентот да донесе одлука за негово укинување и воопшто за укинување на парламентаризмот во Црна Гора.
Потпретседателот на партијата Драган Иванчевиќ оцени дека речиси две децении од воспоставувањето на повеќепартискиот систем Црна Гора „повеќе од кога и да е живее во систем на симулирана демократија, цврста непроменливост и цврст еднопартиски систем“.
XS
SM
MD
LG