Достапни линкови

logo-print

Москва: Русија подготвена да и помогне на Куба да изгради вселенски центар


Русија е спремна да и помогне на Куба да развие сопствен вселенски центар, изјави шефот на руската вселенска агенција Анатолиј Перминов во Каракас, по денешната средба со кубанските и венецуелските власти. Инаку, Русија исто така најави дека овој месец, ќе испрати стратешки бомбардери на мисија во Венецуела, што покажува дека Москва сака да воспостави тесни врски со Куба и Венецуела, држави кои се идеолошки спротиставени на Вашингтон.
XS
SM
MD
LG