Достапни линкови

Јемен: Експлозија пред американската амбасада, непотврдено најмалку две лица загинале


Пред американската амбасада во Јемен денеска одекнала експлозија, а според сеуште непотврдени информации, најмалку две лица загинале, а неколку биле повредени, јавуваат агенциите. Американски претставник изјави дека пред амбасадата во Сана експлодирал автомобил бомба, но никој од вработените не бил повреден, а според очевидци, претходно дошло и до престрелка меѓу чуварите на амбасадата и непознати напаѓачи. Одговорноста за нападот ја превзел Исламски Џихад во Јемен.
XS
SM
MD
LG