Достапни линкови

Кабул: Коалициските сили бараат три дополнителни бригади во Авганистан


На коалициските сили во Авганистан им се потребни дополнителни три бригади, надвор од планираните засилувања, изјави командантот на НАТО трупите во оваа земја Дејвид Мекирнан, по разговорот во Кабул со американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс. Тој истакна дека се неопходни дополнителни 15 илјади војници, со што ја потврди се поголемата загриженост на западните земји за ситуацијата во Авганистан, каде што, според зборовите на Мекирнан, насилствата пораснале за 30 насто во однос на минатата година.
XS
SM
MD
LG