Достапни линкови

Од ДУИ велат дека и за овој случај треба да важи Законот за амнестија


Еден од четирите хашки случаи од конфликтот во 2001, случајот мавровски работници од денеска влегува во македонските судови. Основниот суд еден објави дека е подготвен за почетоткот на судењето. Минситерот за правда Михајло маневски пред да започне судењето јавно се обиде да ги разграничи судството и политиката искажувајќи и очекување дека судот професионално ќе си ја заврши работата и тоа нема да има импликации врз владината коалиција. Ова дотолку што политизацијата на овие случаи вклучувајќи го и овој уште со врашањето од Хаг беше најавена. За нив важи законот за амнестија , уште од самиот почеток категорично реагираа од ДУИ.

„И овие четири случаи треба да бидат дел од законот за амнестија, што е усвоен во парламентот на Македонија,“

вели Тахир Хани и денеска не исклучувајќи дека целиот случај може да доведе и до реакција од нивна страна и тензии како во владината коалиција така и во меѓуетничките односи во земјата.

„Ако некој презема акција, тоа ќе предизвика реакција, нема да има тензии ако сме согласни дека треба да работиме во интерес на Република Македонија.“

Аналитичарот Осман Кадриу ена линија на ваквите проценки стоејќи на позицијата дека за овие случаи треба да биде применет законот за амнестија. Сепак тој смета дека не би било добро доколку во овие судења биде вклучена и дневната политика.

„Ако се појавуваат такви однесувања, евентуално. Тогаш нема сомневање дека целиот процес и постапка ќе добијат атрибут на политички процес, а тоа значи и политички монтирани процеси.“

Професорот Звонимир Јанкуловски бара да се прави разграничување на криминалот од меѓуетничките односи и не верува дека која и да е политичка партија би застана зад криминалот за кој треба да им се суди на 22 цата обвинети за случајот мавровски работници.

„Не верувам дека било кој во државата ќе застане позади криминалот, и ќе му даде легитимација на криминал кој бил сторен без оглед дали се работи за кризата во 2001,“

вели Јанкуловски.

Листата од 22 обвинети ја предводат шкодран идризи и Фадил ферати кои се во бегство и по нив ќе се распишува потерница. Петте работници на Маврово кои беа подложени на 8 часовни малтретирања од припадници на ОНА веќе се изјаснија дека за нив случајот е завршен.
XS
SM
MD
LG