Достапни линкови

Не манипулирајте и не ја прикривајте одговорноста за веројатно негативниот извештај од Брисел


Не прифаќаме претстојниот есенски извештај на Европската Комисија да се оценува како позитивен доколку тој не содржи датум за отпочнување преговори за Европската Унија, и алиби за нашите неуспеси да се бараат во Грција, ова денеска и го порачаа на македонската Влада 30-тина невладини организации од државава воедно повикувајќи ја да се врати на про-европскиот курс.

„И затоа, од Владата на Република Македонија бараме да не ја прикрива својата одговорност, за веројатно негативниот извештај на Европската комисија. Да не манипулира со јавноста за причините за недобивањето на датум, односно препорака за започнување на преговори и да не создава непријатели во меѓународната заедница, на начин, како што почна да ги создава,“

изјави Фани Каранфилова Пановска од Невладината Организација Институт Отворено Општество. Граѓанскиот сектор воедно ја потсетува владата дека Европската Комисија препораката за преговори ја дава исклучително врз основа на објективна анализа на осумте репери кои и се испорачани на државава, и дополнителниот девети репер за фер и демократски избор кои велат непотребно го додадовме. Затоа велат неможе Грција да биде виновна за нашите неисполнети обрвски:

„Не сакаме да прифатиме дека Грција е виновна и за неисполнетите обврски на владата, којашто таа ги има преземено, затоа што препораката ја дава Европската комисија, исклучиво врз основа на објективна анализа на постигнатите осум репери. Европската комисија е независна институција на ЕУ и ги штити интересите на ЕУ, а не интересите на националните држави членки на ЕУ, вклучувајќи ја и Грција,“

потенција Пановска.

Граѓанските здруженија велат дека не прифаќаат либералаизацијата на визниот режим да им се нуди на граѓаните како утеха бидејќи овој процес се однесува на сите држави од Западен Балкан, дури и на оние кои немаат кандидатски статус како на пример Србија кои што како што потенциират ,,доби и поголеми визни олеснувања од Македонија.“

Деновиве премиерот Никола Груевски потенцира дека доколку извештајот на Европската Комисија биде негативен, причина за тоа е единствено спрото со името, додека евроамбасадорот во земјата Ерван Фуере порачаува дека Македонија мора да ги исполни критериумите.
XS
SM
MD
LG