Достапни линкови

logo-print

Киев: Се распадна владеачката коалиција во Украина


Владеачката коалиција во Украина се распадна со што се доведува во прашање прозападниот курс на Украина, јавуваат медиумите од Киев. Распадот на коалицијата го објави собранискиот спикер на денешната седница на Собранието. Коалицијата се распадна затоа што партијата на премиерот Тимошенко со про-руските партии гласаше за намалување на моќта на Претседателот Виктор Јушченко по што неговата партија замина од владата. Според законот, доколку за 30 дена не се формира нова коалиција ке бидат распишани нови избори.
XS
SM
MD
LG