Достапни линкови

logo-print

Американците можат да бидат сигурни во финансискиот систем, вели американскиот министер за финансии


Лошите финансиски вести од Вол Стрит ги тресат не само Соединетите Држави туку и речиси целиот свет. На затворањето на берзата во Њујорк Доу Џоунс е забележан најголем поединечен пад од 2001, а. изутрината се регистрирани падови и на азиските берзи. Американскиот министер за финансии Хенри Поулсон изјави дека коренот лежи во хипотекарната криза, но дека американците можат да бидат сигурни во американскиот финансиски систем.

Доу Џоунс синоќа на затворањето регистрира пад за над 500 поена најголем поединечен од 2001 година. Изутрината пак индексот на акциите во Никеи забалежа пад од над 4 проценти. Во Јужна Кореја дури и повеќе 5,5 насто. Централната Банка на Јапонија на пазарот со пари внесе сума од 14 милијарди долари со цел да се надмине ефектот од колапсот на американската инвестициона банка Леман Брадерс. Квак Бујин Риел аналитичар на Дашим Секјурити за Ројтерс изутрината во Сеул изјави.

„Азиските берзи силно се поврзани со американскиот пазар. Многу е веројатно дека загубите на акциите во Азија ке бидат големи се додека инвеститорите не почуствуваат дека американскиот пазар се стабилизира, без натамошни кризи во финансискиот систем.“

Американскиот секретар за финансии Хенри Поулсон синоќа на прес конференција во Вашингтон изјави дека коренот на проблемот лежи во хипотекарната криза во хаузинг секторот.

„Јас ке работам со регулаторите, тука и во светот, како и во Конгресот за превземање дополнителни чекори за да се оствари стабилност и ред во финансискиот сектор.“

Паулсон изјави дека американците можат да бидат сигурни и да имаат доверба во американскиот финансиски систем. Тој посочи дека не било соодветно да ги решава проблемите во Леман Брадерс – 4 по големина американска инвестициска банка со пари на даночните обврзници. Актуелната кредитна криза, рече Поулсон, нема да биде решена се додека пролонгираниот пад во хаузинг секторот не дојде до крајот. Во интервју за Еј Би Си поранешниот прв човек на Американските федерални резерви Алан Гинспан се согласи дека кризата нема да заврши се додека падот на цените во хаузинг секторот во Америка не се стабилизира.

„Јас не можам да верувам дека имаме еднаш во векот финансиска криза без значаен импакт врз глобалната економија. И јас мислам дека токму тоа се случува. Има и позитивни работи, како падот на цената на нафтата, на храната. И инфлацијата оди надолу, што барем за кратко може да не стабилизира. Јас ке бидам одушевен ако тоа се случи. Но не би се кладел со свои пари за тоа.“

Излезот во секој случај нема да биде лесен, изјави американскиот секретар за финансии Хенри Поулсон.

„Ние нема да минеме низ ова по права линија. Ке има навистина тешки проблеми на патот, но јас верувам дека имаме прогрес и кога ке погледнам како пазарот се однесува денеска сметам дека тоа е тестамент како да се продолжи во финансиската индустрија. Таа се справува со сериозни предизвици и тоа се прави на начин за кој треба да се горди.“
XS
SM
MD
LG