Достапни линкови

logo-print

Пратениците треба да бидат почесто во контакт со народот, порачуваат граѓаните


Сликата за политичка зрелост на земјава, која за многумина е секојдневно преку преносите на собрaниските седници, денеска дел од граганите кои беа заинтересирани имаa прилика да ја видат и одвнатре. Отврениот парламент што како проект стана стандарден по повод Мегународниот ден на демократијата има за цел приближување на институцијата на државниот парламент како и законоадвните процеси кон граганите на Македонија, а може да се поствуваат и прашања на пратениците, но пага во очи дека разликите во перцепцијата не беа поголеми од веке изградените за законодавниот дом во текот на целата година.

„Почесто треба да бидат во контакт со граѓаните, да видат како работат. Треба повеќе да работат на економски план за граѓаните, нас ни е битно како живееме.“

Мегусебните игнорирања на пратениците како на пример кога некој од спротивата политичка партија ке се појави на говорницата, бојкотот од страна на опозицијата, како и усвојувањето огромен број закони минатиот месец само од страна на парламенатрното мнозинство се дел од причините кои влијаат за ваквото видување. Иако има граѓани кои не ги делат забелешките кои најчесто може да се слушнат и се однесуваат на потребата од почести средби на пратениците со граганите, за дел од оние што беа во Законодавниот дом ова беше можност да разговараат за можноста од законските решенија кои се однесуваат на нивниот домен на работа:

„Сепак е за поздравување, бидејќи со ова децата имаат шанса да го видат Парламентот, а и ние исто така.“

„Јас за целодневната би барала да влезе во законот. Кога има промени на власта едни ја подржуваат други сакаат да ја променат.“

„Ние сме од Струмица, имаме пратеничка од нашата општина, така да е достапна во секој момент. Порано беше се затворено, ништо не знаеевме сега е поинаку, по отворено е се и може да се види како работат пратениците, а еве сега и владата.“


Во мегувреме дел од политичките партии најавија нов начин на работа преку овозможување средби еднаш во неделата. Лугето се согласуваат дека е непоходна трнспрнентност на процесите во земјава како и на институциите, а според нивниот впечаток иако има придвижување во тој дел напоменуваат дека не се согласуваат со ова доколу остане само формалност.
XS
SM
MD
LG