Достапни линкови

Москва: Шефот на руската дипломатија Лавров денеска во Јужна Осетија


Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска престојува во Јужна Осетија. Лавров кој вчера беше во Абхазија ги повтори плановите на Москва за распоредување на седум илјади и шестотини руски војници во овие две грузиски сепаратистички републики. Тој ја оцени како несоодветна изјавата на генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Схефер, кој денеска ќе престојува во Тбилиси, дека Грузија и Украина треба да станат членки на Алијансата. Инаку, денеска се очекува Европската унија и официјално да го одобри испраќањето на двесте невооружени посматарчи во Грузија.
XS
SM
MD
LG