Достапни линкови

logo-print

Развивањето на економската соработка со Кина за Македонија е од големо значење, сметаат експертите


Македонија себе си се гледа како отскочна даска за кинескиот пробив на европскиот пазар кој според очекувањата е следната дестинација која ќе ја освојува кинеското производство. Во овие рамки може да се гледа и на посетата на кинеската владина делегација, нејзините средби со владини претставници во Македонија како и неколкуте билатерални спогодби кои треба да бидат потпишани. Македонија има направено неколку обиди да се презентира пред кинеската економија за која транспортните трошоци и царинските давачки сеуште создаваат простор за колебање. Директорот на агенцијата за инвестиции Виктор Мизо вели дека засега постои само интерес кај некои кинески компании да ги разгледаат можностите за соработка која засега не бележи конкретни инвестиции во земјава.

„До сега немаме некоја директна инвестиција каде што во Македонија е отворен производствен погон на кинеска компанија.“

Потврдува Мизо според кого простор за соработка според до сега остварените контакти постои во делот на електрониката и на автомобилската индустрија. Развивањето на економската соработка со Кина за Македонија би имало големо значење, вели економистот Тихомир Јовановски.

„Било кој производ, пример една петина на облеката што го носи кинеската војска или народот, е доволно за да живее таа фабрика десетина години. И мислам дека е добар потег и од други причини, бидејќи Кина е постојана членка на Советот за безбедност на ОН, и не призна под уставното име.“

Вели Јовановски. Според него Македонија има поволна локација во рамките на тенденциите на кинеското стопанство по освојувањето на значајните светски пазари како што е северноамериканскиот а потоа и латиноамериканскиот, да го освои и европскиот пазар.Трговската размена меѓу Македонија и Кина тој ја оценува како солидна. Во правата половина од годинава извозот кон република Кина изнесува околу 917,000 евра а увозот над 111 милиони евра.
XS
SM
MD
LG