Достапни линкови

logo-print

Москва: Откажување на моторите причина за уривање на Боингот на ,,Аерофлот"


Причината за уривањето на патничкиот авион БОИНГ 737 е откажувањето на моторите, покажаа истражувањата. Сите 88 патници и членови на екипажот загинаа во ова несреќа која се случи во близина на рускиот град Перм во планинскиот регион Урал. Меѓу загинатите во авионот, сопственост на руската авио-компанија „Аерофлот“ имало седум деца и едно бебе. Портпаролот на руското Министерство за вонредни ситуации Ирина Андрианова изјави дека не постојат сомнежи за терористички напад. За само еден месец ова е втора голема авионска несреќа во поранешниот Советски сојуз. Пред 20 дена во Киргистан загинаа 64 луѓе, а 90 беа повредени.
XS
SM
MD
LG