Достапни линкови

Премиерот ја подготвува јавноста за неуспех употребувајќи го спорот со Грција, сметаат аналитичарите


Во очекување на извештајот од Европската комисија за напредокот на Македонија кој треба да биде обелоденет во ноември премиерот Груевски неколку пати повтори : без разлика дали земјата ќе ги исполни задачите поставени од Брисел, преговорите ќе започнат тогаш кога тоа ќе го дозволи Атина. И додека премиерот овие мислења ги кажуавше во Скопје вицепремиерот за евроинтеграции Боцесвки во Брисел по средбата со еврокомесарот Рен изјави дека дури 75 проценти од задачите кои ни биле дадени се реализирани. Тоа е една реторика со која се подготвува македонската јавност однапред за неуспех и оваа есен во почеток на пристапните преговори со Европаскта Унија притоа наведувајќи го ставот на Грција како единствена причина - предупреди претседателот Црвенковски. Ставот на Грција е проблем и тој може да ни попречи во натамошното интегрирање кон Унијата но за да кажеме дека тоа е единствената причина претходно треба да ги исполниме сите други критериуми додаде претседателот. Такви се политичките пораки дома во пресрет на извештајот. Според директорот на инстутот за демократија Владимир Мисев не треба да се мешаат оценките во извештајот на Европската комисија и евентуалната блокада од страна на Грција.

,,Во принцип, исходот од извештајот зависи од работата на властите во Република Македонија, дали извештајот ќе биде позитивен или ќе биде негативен. А, при носењето на одлуки дали Македонија треба или не треба да добие датум за преговори, тука процедурата се одвива по неформален пат и тука Грција може да лобира внатре во Унијата. Меѓутоа, ако го земете примерот од самитот на НАТО во Букурешт, беше јасно кажано дека Македонија ги исполнува сите услови, но заради проблемот со името не може да добие членство во Алијансата. Ист е случајот и со ЕУ."

Ако е таква состојбата тогаш зошто премиерот за евентуалниот неуспех се повикува на проблемот со Атина. Мисев вели

,,Мислам дека премиерот, како што кажува и претседателот, ја подготвува јавноста за не толку позитивен извештај, имајќи ги предвид настаните по изборите, и прекршувањето на еден од Копенхашките критериуми."

Пораките пак кои стигнаа од Европската Унија беа конкретни. Рен ја повика Македонија да вложи „суштински“ реформски напори за да може да започне претпристапни преговори. Политичкиот дијалог, законот за полиција, јавните и судските реформи, борбата против корупцијата, зголемувањето на вработеноста и економската стратегија се дел од осумте бенчмаркови кои Рен го донесе во Скопје во Март. Ништо повеке од клучните копенхашки критериуми и реализирање на охридскиот и мајскиот договор на Груевски со лиерот на ДУИ Али Ахмети - коментираа тогаш аналитичарите. Боцевски пак кој од Брисел побараа датум за почетокот на преговорите тврди дека Македонија има реализирано дури 75 проценти од осумте предуслови што ги доби од Европската комисија. Но судејки споеред изјавите на евроспаките политчари датум за почеток на преговоите не се очекува во овој измештај. Покрај нерегуларните избори аналитичарот Ризван Сулејмани вели најмногу заостануваме во областа на реформите на судтвото.

,,Политиката посебно е длабоко вмешана во судскиот систем, дури тој станува и заробеник на политиката."

Мисев пак поочува дека најголем проблем на кој европската комисија ке ни посочи е немањето на политичкиот дијалог и кохабитацијата
,,Најголем дефицит Македонија има во политичкиот дијалог. Претходно, проблемот беше со комуникацијата со партиите од албанскиот кампус, додека по изборите, проблемот е во политичкиот дијалог на релација претседател премиер. Беше напоменато неколку пати дека кохабитацијата треба конечно да функционира и мислам дека односите дополнително се искомплицираа со најавите дека Црвенковски ќе се врати на чело на СДСМ по претседателскиот мандат."
За овој период е постигнат голем напредок во однос на политичкиот дијалог во собранието за што позитивно не оцени и делагцијата на евроспакта комисија тврди престедателот на собранието Трајко Вељановски во интевјуто за нашето радио кое ке се емитува утре
,,Ако го тргнеме на страна бојкотот на опозициските партии кои не се поврзани со настани кои се случуваа во Собранието на Република Македонија, сметам дека политичкиот дијалог се води во Собранието на завидно ниво."
Поранешниот премиер Владо Бучковски во чиј мандат земјава го доби кандидтаскиот статус вели дека го почуствувал пулсирањето во европскиот парламент за време на неговата посета како дел од парламентарната делагција. Мора да бидеме свесни додава тој дека проблемот што го имаме со Грција е доминантен во сите разговори:
,,Но, од друга страна, евидентно е дека Република Македонија ќе има негативен извештај не само заради условно речено ненаоѓањето заеднички прифатливо решение со Грција. Не се заборавени проблемите во делот на спроведувањето на изборите. Очигледно е дека се бараат суштински реформи, а не само реформи на хартија, така што јавноста треба да биде подготвена дека ќе имаме уште еден неуспешен обид Република Македонија да добие датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ."
Радио Слободна Европа се обиде да обезбеди оценки и очекувања и и од вицепремиот задолжен за евроинтеграции Боцевски но тој не беше достапен да одговори.
Сепак и аналитичарите и опозицинероте велат дека покрај многуите забелешки кои што ги очекуваат во номеври европската комисија ке нотира и некои позитивни работи . Сулејмани вели тие ке бидат во областа на борбата против корупцијата
,,За некои зафати кои се преземаа околу усогласувањето на законските процедури, како еден од начините за сузбивање на корупцијата. Јас сеуште не ги знам вистинските ефекти. Мислам дека владата ќе сака да поентира, иако судските процеси се влечат."
Пратеничката од опозионата ЛДП Роза Топузовска Каревска пак смета дека најдобри резулатите владата постигнала во даночната политика:
,,Имаме напредок во фискалната дициплина, точно е дека се собираат повеќе даноци."
5 Јули или денот на предвремените парламентарни избори на два начина се поврзува со Европската Унија. Имено причината поради која премиерот и покрај препораките дека не е најдобар термин распиша предвремени парламентарни избори е како што велеше не ефикасно Собрание кое го кочи носењето на законите. Другата причина поради која спорниот 5 јули се поврзува со Унијата се како што споменаа и аналитичарите нерегуларностите на изборите за кои земјава доби големи критики а се очекува така да биде и во годишнеиот извештај. Сега во собранието убедливо седи мнозиството а законите се носат експресно. Спикерот Вељановски вели - свесен сум дека носењето на толку голем број на закони не е препорачливо но морале додава да постапуваат така затоа што имале многу заостанати работи. Очекува во ноевнсри европската комисија да ја овени работата на собарнието позитивно

,,Во делот на работата на Собранието очекувам дека ќе имаме позитивен извештај, во однос на политичкиот дијалог, дека се воспоставени правила без разлика на тоа кои партии се на власт или опозиција, и дека нормално нивната препорака ќе биде да не се носат толку закони по итна постапка, којашто јас го прифаќам и кажувам дека понатаму, како претседател на Собранието, мислам дека тој тип на закони ќе биде изолиран."

И додека Вељановски ветува дека во иднина нема да се носат толку закони по итна постапка политиколот Мисев потсетува на последиците од она што се донесе досега а кои ке бидат напоменати во извештајот

,,Дефинитивно ЕУ ќе даде забелешки, посебно на Деловникот кој беше усвоен по брза постапка, којшто предвидува намалување на роковите за дискусија и јавна дебата."

Сепак тој потенцира дека за Брисел е најважна имплементацијата а не само изгалсување на законите

,,Имплементацијата на законите секогаш е најважна. Државата од страна на Брисел се оценува да се види колку е спремна да имплементира различна легислатива, којашто понатаму би доаѓала и директно од Брисел. Во европското законодавство имате регулативи кои доаѓаат од Брисел и тие сакаат да видат каква ќе биде нивната имплементација."

Според очекувањата на аналитичарите, опозицијата но и според изјавите на преставниците на власта Македонија и оваа трета година одкога го има кандидатскиот статус извешатјот ке го добие без датум за почеток на преговорите за влез во Унијата. Надвор од НАТО поради проблемот со името со Грција и без напреок во евроинтегративните процеси. Зошто тапкаме во место за прашања за кои постои консенузс мегу политички партии и голема подршка кај повеке од 90 проценти од граѓаните. Според Мисев декларативни се заложбите на политичарите кои треба повеке да работат на остарување на овие цели

,,Ваквото однесување и на власта и на опозицијата сметам дека не води кон постигнување на овие цели. Земјите од регионот, да речеме, Хрватска и Словенија, реформите по добивањето на кандидатскиот статус се одвиваа со значително побрзо темпо. Тука реформите не дека не се одвиваат, но не со интензитетот кој го очекувавме и за кој се надевавме. Имавме проблеми и за користењето на европските пари, наменети за забрзување на овие реформи. Имаме агенции, но тие не се функционални, за да ги користиме тие пари. Сето тоа е пречка за интеграцијата."

Од земјите кои имаат кандидатки статус за влез во Унијата односно Македонија Турција и Хрватска најблиску до влезот е Загреб кој затвори поголем дел од поглавјата од преговорите.
XS
SM
MD
LG