Достапни линкови

logo-print

Поти: Руските трупи се повлекле од грузиското пристаниште


Руските трупи денеска се повлекле од грузиското пристаниште Поти и изгледа дека ќе се повлечат и од другите позиции во западна Грузија. Според репортерите од теренот и локалните власти, Русија ќе го испочитува рокот до 15-ти сепетември да ја заврши првата фаза од повлекувањето. Според договорот меѓу францускиот претседател Никола Саркози и рускиот претседател Дмитри Медведев, Москва се согласи да ги напушти така-наречените безбедносни зони, длабоко во грузиска територија. Но, Русија соопшти дека илјадници нејзини војници ќе останат во Абхазија и Јужна Осетија.
XS
SM
MD
LG