Достапни линкови

Боливија: Вонредна состојба поради судирите на владините сили и приврзаниците на десницата


Владата на Боливија воведе вонредна состојба во амазонскиот регион на земјата поради протестите и судирите меѓу приврзаниците на претседателот Ево Моралес и на десничарските провинциски гувернери, кои се противат на социјалистичките реформи. Во вчерашните протести загинале над 10 лица. Анти-владините демонстрации започнаа во вторникот и на нив учествуваат главно студенти од провинциите богати со гас кои бараат поголема автономија.
XS
SM
MD
LG