Достапни линкови

Сега е време да го решиме прашањето за името и да одиме напред


,,Сега е време да го решиме ова прашање и да одиме напред,, изјави помошник секретарот на Стејт департментот за Европа Даниел Фрид пред Комитетот за надворешни односи на американскиот Сенат во врска со спорот со името на Македонија, а во контекст на нејзиното зачленување во НАТО. Тој изрази уверување дека заедничко прифатливо решение е можно во интерес на двете земји и на регионот.

Соединетите држави ја продолжуваат поддршката на Македонија да добие покана за членство во НАТО, изјави помошник секретарот на Стејт департментот за Европа Даниел Фрид кој пред Комитетот за надворешни односи на американскиот Сенат говореше за процесот за проширување на Алијансата. Нејзината покана беше одложена поради спорот со Грција околу македонското име, додаде Фрид наведувајќи: На самитот на НАТО во Букурешт сојузничките лидери ставија јасно до знаење дека овој спор е единствената работа што ја задржува поканата за членство. Кога тој ќе биде решен Македонија ќе добие покана да и се приклучи на Алијансата. Потсетувајќи дека Грција и Македонија се вклучени во преговори за името, предводени од медијаторот Метју Нимиц, помошник секретарот Даниел Фрид изјави: ,,Веруваме дека заедничко прифатливо решение е можно во интерес на двете земји и на регионот и тоа многу бргу. Сега е време да го решиме ова прашање и да одиме напред. На самитот во Букурешт претседателот Џорџ Буш изјави дека прашањето со името треба да се реши брзу за да може Македонија да биде примена во НАТО колку што е можно побрзо. Тоа останува нашата перспектива, изјави помошник секретарот на Стејт департментот за Европа Даниел Фрид пред Комитетот за надворешни односи на американскиот Сенат во делот на неговото излагање за Македонија во кое оцени дека како мултиетничка држава таа го одбра патот на компромис а не на национален екстремизам. Потенцирајќи го учеството на македонија во борбата против глобалниот тероризам, како и прогресот на Македонија во справувањето со корупцијата, Фрид потсети и на неправилностите и на насилствата за време на последните парламентарни избори. Македонија, како и Албанија и Хрватска, има свои предизвици и треба да работи врз нив, рече Фрид, додавајќи: ,,Веруваме дека НАТО проширувањето, заедно со проширувањето на Европската унија може да направи за Балканот во оваа декада она што го направи за Централна Европа во претходната деценија. Гледаме историска можност да ги донесеме во европските текови. Влегувањето на овие земји во НАТО не само што ќе помогне во стабилизацијата на турбулентниот регион, туку ќе им покаже и на другите на Балканот дека има алтернатива на националистичките или етничките поделби и насилство и ќе ги испирира граѓаните во Црна Гора, Босна, Косово и, се надевам Србија, да го следат тој пат, изјави помошник секретарот на Стејт департментот за Европа Даниел Фрид кој пред Комитетот за надворешни односи на американскиот Сенат говореше за проширувањето на НАТО.
XS
SM
MD
LG