Достапни линкови

logo-print

Експертите предупредуваат дека државата со таквиот чекор се враќа назад на патот кон ЕУ


Прислушкувањето и официјално се легализираше. Сега полицијата може да прислушава кога сака и кого сака. Тврдењата на лидерот на НСДП Петковски дека во партиските штабови има инсталирано специјална опрема за прислушкување ниту се потврдија ниту партиите децидно ги отврдил ваквите искази. Аферата Големо уво, што пред 7 години ја обелодени тогашаниот премиер Црвенковски никој не собра храброст целосно да ја расветли. Во меѓувреме, СДСМ И ВМРО се препукува кои кога прислушкувал и чија била идејата. Но сега МВР, вели дека со донесениот закон за следење на комуникациите повеќе не треба се се гледа во минатото.

„Измените точно ги дефинираат начините како ќе се постапува.“

Изјави портпаролот на МВР, Иво Котевски. Невладината Транспарентност Македонија, повикувајќи се на неофицијални податоци вели дека власта сега прислушува 3-4 пати повеќе отколку во минатото.

„Сите тие луѓе што работеле во тие служби, не се наивни луѓе, знаат што се потреби на држава, дури знаат што се и политички потреби, меѓутоа бројот и нивото на сегашното прислушување кај нив буди голема загриженоста.“

Кажа Сашо Ордановски. Дел од експертска јавноста е со став, со донесениот закон се криши правото на слобода на говор. Нашите соговорници предупредуваат дека со ваквите закони, Македонија ќе остане и во иднина несериозен кандидат за Европската Унија.


„Особено сега кога професионалното продавање на политичарите е толку софистицирано, прашање е дали воопшто може да зборуваме за демократско јавно мислење.“

„Тоа значи да градите одговорна влада и добро владеење во државата, тоа ќе го можете само тогаш кога на такви позиции во државата, ќе дојдат луѓе кои нема да бидат под влијание на определени центри на моќ.“


Рекоа Климе Бабунски и универзитетскиот професор Звoнимир Јанкуловски. Новинарите кој беа прислушкувани во времето на аферата Големо уво сметаат дека се додека има партизирано судство и донесување на судска пресуди по диктат на одредени политички структури никогаш нема да изградиме вистинска правна држава.

„Ова е срам и за судството и за Македонија и за демократските процеси.“

„Ние напротив сега сме неколку чекори назад.“

Кажа Катерина Блажевска од Дневник и Јадранка Костова главен и одговорен уредник на Фокус.
XS
SM
MD
LG