Достапни линкови

Тешко е да се предвиди надворешната политика на САД кон Балканот по изборите


Џон Мекејн и Барак Обама се кандидатите на републиканците и демократите за предстојните председателски избори во Соединетите држави на 4. новември. Изборот на првиот човек на белата Куќа е во фокусот на јавноста на целиот свет имајки ги во предвид влијанието и предизвиците со кои се соочува најмоќната земја на планетата. Според познавачите тешко е да се предвиди каква ке биде американската политика кон Балканот по изборите, но е извесно дека на неа треба да се гледа во поширок контекст на односите на Вашингтон со Москва.

Многу е тешко да се предвиди каква политика ке води новиот американски претседател кон Балканот, без разлика кој ке победи, вели за Радио Слободна Европа помошник директорот на Харимановиот институт на Универзитетот Колумбија Гордон Бардош.

„Ако погледате кој се се наоѓа на двете изборни листи, ке заклучите дека тоа се се личности кои беа инволвирани во креирањето на американската политика кон Балканот во текот на 90 тите години а се активни на тоа подрачје и денеска. Американските планови на Балкан треба да се гледаат во поширок контекст на нејзините односи со Русија, односно како тие ке се одразат врз односите со Москва која има доста поинаков поглед на решавањето на проблемите на Балканот.“

Според Бардош, новата американска администрација кога станува збор за Балканот, веројатно ке се фокусира на три прашања. Дали да има промени во Дејтонскиот договор во Босна и Херцеговина. Потоа што да се направи на северот на Косова каде тамошните Срби одбиваат да ја прифатат власта на Приштина. Можеби американската администрација ке го преиспита и досегашниот процес на признавање на независноста на Косово во смисла да ли требаше да изврши поголем притисок врз земјите кои тоа до сега не го сториле. Сепак приоритетите зависат од ситуацијата во Иран, Ирак, Авганистан, Кавказот. По некои проценки, на дело е повторно студената политика на поделба на сфери на интерес. Така Русија настојува да го засили своето влијание во опкружувањето и во тој контекст на Кавказот. Дали Соединетите Држави ке настојуваат од друга страна, да го засилат своето присуство на Балканот и да го спречат ширењето на руското влојание е прашање за помошник директорот на Харимановиот институт на Универзитетот Колумбија Гордон Бардош.

„Тоа је можно. Постојат политичари и во Москви и во Вашингтон који зборуваат за таков приступ во меѓународните односи. Медведев ја спомна привилегираната руска позиција во делови на светот во кои Москва и досега ималше големо влијание. Тоа пред се се однесува на републиките од бившиот Советски сојуз но веројатно милсел и пошироко на источна Европа и Балканот
Сличен пристап имаат и некои кругови у Соединетите Држави, кои настојуваат да ја применат таквата политика низ ширењето на НАТО, за да се обезбеди влијанието на Вашингтон во Источна Европа и на Каваказот.“


Москва, вели Бардош, на различни начини е присутна во југоисточна Европа, меѓу другото и поради огромните енергетски ресурси. Тука се и нејзините традиционално силни врски со Србија, па и со Бугарија и Грција. Се поставува прашањето дали новата американска администрација ке влече потези во југоисточна Европа кои регионот ке го одалечат уште повеке од Русија или ке се определат за помирлив пристап со цел на подобрување на меѓусебните односи.
XS
SM
MD
LG