Достапни линкови

Белград: Српскиот парламент го ратификуваше Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ


Српскиот парламент денеска го ратификуваше Договорот за стабилизација и асоцијација со Европската унија. Договорот беше потпишан од двете страни неколку дена пред општите избори во Србија кои се одржаа во почетокот на мај годинава. Парламентот денеска го одобри и договорот за руско инвестирање во нафтената индустрија на Србија. Руски Газпром купи пеесет и еден процент од српската нафтена индустрија за четиристотини милиони евра и се обрза дека во неа ќе инвестира уште петстони милиони евра.
XS
SM
MD
LG