Достапни линкови

Спогодбата меѓу Саркози и Медведев е чекор напред


Грузискиот претседател Михаил Саакашвили оцени дека новата спогодба што ја постигнаа претседателите на Русија и на Франција во Москва за повлекување на руските сили од Грузија претставува чекор напред. Сепак, според него, секој конечен договор со Кремљ мора да вклучува почитување на грузискиот територијален интегритет.

Говорејќи по средбата во Тбилиси со францускиот претседател Никола Саркози, шефот на грузиската држава Михаел Саакашвили стави јасно до знаење дека Јужна Осетија и Абхазија, двата грузиски региона кои Русија и официјално ги призна како независни држави, се неделив дел на Грузија. Саакшвили побара од руските сили да се повлечат на позициите пред почнувањето на воениот конфликт со Грузија на седми минатиот месец.

„Руската војска мора да се повлече на линијата пред почнувањето на непријателствата. И вториот чекор, а тој секако подразбира продолжување на разговорите, е целосно повлекување на силите од сите зони и нивна замена со европски посматрачи.“

Изјави претседателот Саакашвили. Претходно, во четиричасовните преговори со Саркози, рускиот претседател Медведев се согласил во рок од еден месец да бидат повлечени руските сили од Грузија, но притоа ништо не спомна за руското присуство во Јужна Осетија и Абхазија. Според договорот, планирано е руското повлекување да го надгледуваат најмалку двесте посматрачи на Европската унија. Саркози изјави дека посматрачите ќе имаат право да влегуваат во Јужна Осетија и Абхазија. Саркози и Саакшвили за идниот месец во Тбилиси најавија меѓународна донаторска конференција за Грузија. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска во Москва изрази надеж дека најновиот договор ќе придонесе за мир во регионот.

„Ќе продолжиме да правиме се за да ги исполниме нашите обврски од договорот. Се надеваме дека и грузиското раководство, сега кога Европската унија е гарант за грузиските акции, ќе се држи до договореното.“

Во меѓувреме, во Вашингтон е соопштено дека американскиот претседател Џорџ Буш во знак на протест поради рускатата воена акција во Грузија го прекинал договорот за соработка меѓу Соединетите држави и Русија во нуклераната енергија за цивилни цели. Тоа е прва конкретна американска казна за Русија откако таа пред еден месец интервенираше во Грузија. Во образложението до Конгресот, Буш наведува дека руската влада презела акции кои не се во согласност со развивањето мирољубиви односи со демократска Грузија.

„Ја донесовме оваа одлука со жалење. За жал, со оглед на сегашната ситуација, не е време за договор со Русија од таков тип. “

Изјави портпаролот на Стејт департментот Шон Мекормак, додавајќи дека договорот би можело повторно да се имплементира доколку наскоро се сменат условите.
XS
SM
MD
LG