Достапни линкови

Тбилиси: Спогодбата меѓу Медведев и Саркози е чекор напред, оцени Саакашвили


Повлекувањето на руските трупи од тампон зоната во Грузија, предвидено со спогодбата што ја постигнаа претседателите на Русија и на Франција Дмитриј Медведев и Никола Саркози, претставува чекор напред, изјави синоќа претседателот на Грузија Михаил Сакашвили по средбата со Саркози. Инаку, според дополнителните точки на спогодбата, Русија се согласила во рок од еден месец целосно да ги повлече своите трупи од Грузија, освен од Јужна Осетија и од Абхазија. Во тампон зоната во Грузија ќе бидат распоредени 200 посматрачи од Европската Унија.
XS
SM
MD
LG