Достапни линкови

Руските сили ќе започнат со повлекување од Грузија по распоредување на набљудувачи на ЕУ во октомври


Русија и Европската Унија договорија нов едно-месечен краен рок за повлекување на руските трупи од Грузија. Рускиот претседател Димитриј Медведев по средбата со делегацијата на ЕУ предводена од францускиот претседател Николас Саркози во Мосвка, изјави дека руските сили ќе се повлечат од грузиска територија надвор од Јужна Осетија и Абхазија, откако во октомври ќе бидат распоредени околу 200 набљудувачи на Европската Унија:

,,Комплетното повлекување на руските мировни сили од зоните околу Јужна Осетија и Абхазија, на позициите од пред конфликтот ќе се изврши десет дена по распоредувањето во овие зони на меѓународни механизми, вклучувајќи и 200 набљудувачи на ЕУ, што треба да започне не подоцна од први октомври.“

рече Медведев. Русија добила и гаранции од Европската Унија дека по повлекувањето на силите, Грузија нема да употреби сила против Јужна Осетија и Абхазија.

,,Сметам дека овој договор е договор што го претставува максимумот што може да се направи.“

изјави пак францускиот претседател Николас Саркози додавјаќи дека Москва исто така се согласила во наредните седум дена да ги повлече контролните пунктови од грузискиот град Поти. Медвдев исто така најавиј дека на 15-ти октомври во Женева ќе бидат одржани меѓународни разговори за Јужна Осетија и Абхазија. По Москва европската делегација ќе ја посети и Грузија.
XS
SM
MD
LG