Достапни линкови

Москва: Францускиот претседател Саркози во посета на Русија


Францускиот претседател Никола Саркози денеска во Москва ќе има средба со рускиот претседател Дмитриј Медведев, од кого ќе побара Русија да ги исполни обврските од мировниот план со Грузија, или ќе се соочи со влошување на односите со Европската Унија. Западот инсистира Русија да ги повлече своите трупи на опзициите од пред почетокот на конфликтот во Грузија. Европската Унија соопшти дека нејзините наредни чекори во однос на Русија ќе зависат од исходот на посетата на Саркози на Москва.
XS
SM
MD
LG