Достапни линкови

Каракас: Во ноември заедничка воена вежба на руската и венецуелската морнарица


Четири бродови и околу илјада војници на руската морнарица ќе учествуваат во заедничка воена вежба со морнарицата на Венецуела, за прв пат во Латинска Америка. Директорот на разузнавачката служба на венецуелската морнарица Салбаторе Камарата Бастидас изјави дека вежбата ќе се одвива во водите на Венецуела во Карибското море, од 10 до 14-ти ноември годинава, а во неа ќе биде вклучена и венецуелската авијација. Претседателот на оваа земја Хуго Чавез воспоставува, како што го нарекува ,,стратешко партнерство“ со Москва, од каде купува воена опрема во вредност од неколку милијарди долари.
XS
SM
MD
LG