Достапни линкови

Немањето национален консензус лошо се одразува на преговарачката позиција, оценуваат експертите


Пред новата средба на македонскиот и на грчкиот преговарач во спорот со името со медијаторот Нимиц во Њујорк министерот за надворешни работи Антонио Милошоски неделава ги разниша очекувањата на дел од експертите но и на некои преставници од мегународната заедница кои сметаат дека спорот со името со Грција е во завршна фаза и дека наскоро ке се дојде до решение. Прогнозата на Милошоски која ја изнесе пред собраниската комисија за надворешна политика е дека повремените препукувања и недоразбирања околу спорот ке продолжат и во наредните четири години.И пораките кои ги испракаат политичарите од Скопје и Атина одат во таа насока. Додека Милошоски тврди дека Македонија е подготвена за разумен компромис а како виновник го посочува грчкиот национализам и ригидниот пристап кој како што рече почива на негирањето на правото на национално - јазично самоопределување на македонскиот народ Бакојани прстот го вперува кон Скопје.Таа како виновник за блокирање на процесот на преговорите го посочува премиерот Груевски и неговата политика.Спротивно од Милошоски Бакојани пак тврди, преговараме само за името, а не и за други прашања. Што можеме да очекуваме одолговлекување судејки според реториката на Атина и Скопје или дека решението на спорот е блиску како што најави деновиве и Метју Брајза преставик на американскиот Стејт Департмент. Политиколог Дане Талески ијавите кои што доагаат од сите инволвирани страни не се не ја отслукуваат реалноста туку желбите на оние што ги кажуваат.
,,Кога американската администрација вели дека сме блиску до решавање на спорот со името, преведено, сакаат да кажат дека сакаат брзо да се реши спорот со имет. Кога ние велиме дека во наредните четири години нема да има поволни услови, тогаш ние велиме дека не сакаме да го решиме спорот со имет."
Иако во ставот на македонската влада Талески препознава желба да не се реши спорот сепак смета дека не е невозможно во периодов да дојде до компромис
,,Во оваа ситуација, владата, сите нејзини гласноговорници и премиерот оставаат впечаток дека не се спремни да прифатат било што и дека не се спремни, не сакаат да се реши спорот со името. Но, доколку сето тоа е игра за домашната јавност, за да се остави имиџ на непопустливост, а о реалноста се прифати договорот, тогаш владата и владеачката гарнитура на чело со премиерот ќе се постават во ситуација, кога инсистирале пред домашната јавност дека нема да прифатат решение за спорот, а кога во реалност, во договор со Грција и меѓународната заедница го решиле спорот. И тогаш ќе биде многу тешко таа нивна подвоеност, обидот да се туркаат тие две позиции да ги помират и да се претстават во едно единствено светло. Може на крајот, доколку владата прифати компромис, ќе се обиде да најде изговор, зошто и како тоа го направиле и политичката цена од сето тоа да го префрли врз некој друг."
Очекувањата дека решението е блиску ги пот икнаа и гласините дека на генералното собрание на Обединиетите Нации кое почнува на 23 месецов во Њујорк американците ке предложат решение кое на двете страни ке им биде преставено како последно. Иако и аналитичарот Махи Несими смета дека може да дојде до таков развој на настаните сепак тој вели ништо нема да се случи и доколку било која од страните го одбие предлогот
,,Доколку се согласуваме, тогаш нормално набрзина ќе се направи сето тоа што треба да се направи. На пример, владата да донесе одлука итн. Но, доколку Грција или ние не го прифаќаме предлогот, тогаш останува се да тече по старо, нема решение."
Високи дипломастки извори пак периодов сугерираа Македонија да се обиде да го искористи краткиот период од претседавањето на Буш за да го затвори прашањето за името. Влезот во НАТО е еден од приритетите на администрацијата на актуелниот американски претседател но според тие извори тоа не мора да биде така и на агендата на следниот кој ке дојде во Белата Кука без разлика дали ке биде од редовите на републиканеците или демократите. И аналитичарот Мерсел Биљаљи смета дека овие сугестии се исправни
,,Јас мислам дека треба овој последен тајминг да се користи максимално, затоа што мислам дека претседателот во заминување е многу заинтересиран Јадранската група да биде дел од НАТО."
И додека подршката од идниот американски претседател се обидоа да ја приодобијат премиерот Груевски и министерот за надворешни рабори Милошоски преку пристувото едниот на конвенцијата на републиканците а другиот на демократите грчките медиму објавија дека Македонија ја нема во завршната верзија на изборната програма на американските републиканци, за што наводно, лобирала грчката дијаспора во соединетите американски држави.
Без разлика дали од јануари во Белата кука ке седне републиканецот Мек Кејн или пак демократот Обама американската политика нема да се смени во голема мера а Балканот ке остане во фокусот смета порамешниот министер за надворешни работи Слободна Чашуле. Но сепак според него победата на демократите би ја осетиле во преговорите за името
,,Ако победи Обама, кој како демократски претседателски кандидат, а тоа е по традиција така е заточеник на грчкото лоби, тогаш тој и негоиот искусен, во надворешната политика ,сенатор Бајден ќе имаат доста комплексна задача да се обидат преку изместувањето на партнерството Америка - Македонија, кон Америка - Грција да го консолидираат американскиот интерес на Балканот."
Како директна порака од американкста администрација дека треба да се реши проблемот на името што поскоро во јавноста беше протолкувана изјавата на американската амбасадорка во земјава Џилијан Милованович која рече дека земјава не ја очекува било каква позитивна иднина доколку не влезе брзо во НАТО. Ова е се дел од притисокот врз кој ке бидеме изложени коментира универзитетскиот професор Љубомир Фрчковски кој е насочен кон нашата влада
,,По мое мислење така и треба да се случува. Единствено така може една воглавно блокирана, ирационална влада, како што е нашава во овој контекст да се помести од прашањето дури и во корист на сопствената држава. И овој тип на булдожерски притисок, на кој ќе бидеме изложени."
Гласините околу новиот предлог кој треба да го очекуваме и за чие прифакање всушнност притискаат странците одат во насока дека на маса ке биде ставено името Севрена Македонија. И Нимиц при последната посета на Скопје ниту ги потврди ниту ги демантираше овие шпекулации. Во очекување на конкретниот предлог кој може да биде обелодонет и неделава што следува ескепртите анализиират дека самото име не лошо но потенцираат дека треба да се види што ке содржи пакетот. Како што објаснува Фрчкосвки треба особено да се внимава на обезбедување на слободата на користење на терминот македонски. Според него доколку тоа се обезбеди името Северна Македонија е добро и компромисно решение

,,Терминот Северна или Горна е сосема во ред. Меѓутоа, само едно решение најважно, можеби има други решенија во пакетот, не е важно. Другото решение, поважно од името е да се обезбеди слободата на употребата на поимот македонски од сите страни, што за нас значи дека ние ќе можеме да бидеме Македонци во Северна Македонија, а не Северно Македонци."

И професорот Владо Поповски со позитивен став за предлогот Северна Македонија

,,За мене, лично, индивидуално е пристојно име коешто не го нарушува националниот идентитет, бидејќи Македонците и во евентуална Северна Македонија се Македонци, нивниот јазик би бил македонски. Но, мислам дека ние шпекулираме без крчмарот, без оној кој го има наметнато спорот, а тоа е Грција. Ние може да резонираме дали е нешто прифатливо или не во која форма е прифатливо, доколку Грција има позитивен став кон некој предлог."

Дополнителни забуни периодов околу тоа што можеме да очекуваме внесоа и разногласијата кои стигнуваат од македонскиот државен врв односно од кабинетите на претседателот и на премеирот. По одвоените средби на Црвенкосвки и Груевски со Нимиц во Скопје владата преку соопштение дообјаснуваше дека кај нив воопшто не било разговарано за какви било конкретни имиња но алудираше дека не може да потврдат што било разговарано кај претседателот. Иако Црвенковски тогаш директно не одговори сепак познат е неговиот став дека двојната формула на која како решение сега инсистира Груевски е претходно напуштен концепт. Претседателот јавно го критикуваше и писмото на Грувески во кое тој побара Нимиц во преговорите да го вклучи и статусот на Македонската Православна Црква. Аналитичарот Талески смета дека неедиснтвото за ова прашање кај македонскиот државен врв лошо влијае врз нашата позиција во прегвоорите
,,Во Македонија е многу тешко во моментов да се добие национален консензус или согласност без што не може да има согласност и решение на спорот со името и затоа во овој период Македонија изгледа како најнекооперативен партнер во триаголникот на односи меѓу Македонија Грција и меѓународната заедница, ако во таа смисла ги сфатиме и влијанијата, напорите, притисокот кој доаѓа од САД, преговарачот Метју Нимиц, ОН, па дури и од ЕУ и НАТО."
XS
SM
MD
LG