Достапни линкови

Големи промени во Вашингтон во случај на победа, ветува Мек Кејн


Џон Мекејн и официјално ја прифати кандидатурата на Републиканската партија за американските претседателски избори. ,,Доколку победам во ноември во Вашингтон ќе има големи промени,, вети Мекејн на Националната конвенција на републиканците во Сент Пол, Минесота.

Седумдесет и две годишниот Џон Мекејн во говорот со што го пренесуваа скоро сите американски национални телевизии изјави дека тој и кандидатот за потпретседател Сара Пејлин имаат доволно искуство да се справат со проблемите со кои се соочува земјата.

,,Немам навика да ги кршам ветувањата спрема мојата земја. Исто така и гувернерката Пејлин. Кога ќе во кажеме дека ќе го менуваме Вашингтон и оти нема да препуштиме проблемите на земјата да ги решава некоја несреќна генерација, можете да сметате на тоа."

Изјави Џон Мекејн најавувајќи дека ќе ја обвнови, како што рече загубената доверба на Републиканската партија кај американците. Републиканците всушност се надеваат дека сенаторот од Аризона, со неговата репутација на тврдоглав алтернативец, би можел да го надмине негативното салдо што ќе го остави Џорџ Буш и ќе и овозможи на партијата да остане во Белата Куќа и во наредните четири години. Џон Мекејн упати и остри критики до руското раководство за интервенцијата во Грузија. ,,Руските лидери богати со нафтени наоѓалишта и корумпирани од моќта ги отфрлија демократските идеали и обврските на Русија како одговорна сила,, изјави Мекејн кој сепак најави подобри со Москва:

,,Како претседател, ќе работам на подобрување на односите со Русија за да не страхуваме од враќањето на Студената војна. Но не треба да ги затвораме очите на агресијата и на непочитувањето на меѓународното право кои им се закануваат на мирот и стабилноста во светот, но и на безбедноста на американците."

Изјави Мекејн, потенцирајќи дека бил подготвен да одговори на многуте опасни закани во модерниот свет. Тој најави дека ќе изгради повеќе нуклеарни централи, но и оти ќе ги продолжи истражувањата по алтернативна енергија со цел да се избегне порастот на цените на нафтата. Доколку Џон Мекејн на четврти ноември годинава победи, тој ќе биде најстариот американски претседател избран во првиот мандат.
XS
SM
MD
LG