Достапни линкови

Авињон: Состанок на ЕУ за итно испраќање цивилна мисија во Грузија


Шефовите на дипломатиите на земјите членки на Европската Унија, денеска и утре во францускиот град Авињон, ќе расправаат за итно испраќање на цивилна посматрачка мисија во Грузија. Претставник на Унијата изјави дека веројатно ќе биде донесена одлука за испраќање околу 200 посматрачи. Со тоа, како што се оценува, Русија би немала оправдување за задржување на своите трупи во кризните грузиски региони, но одговорот на Москва е неизвесен. Францускиот претседател Никола Саркози в понеделник патува за Русија во обид да издејствува повлекување на руските сили.
XS
SM
MD
LG