Достапни линкови

Атина: Според грчките медиуми две опции на новата рунда преговори за името


Грчката дипломатија разгледува две можни опции во врска со новата рунда разговори за името на 11 септември во Њујорк, пишува денеска веникот Елефтерос типос.Првата опција била Нимиц формално да претстави нов предлог кој би требало да биде разгледан од владите во Атина и во Скопје до заседанието на Генералното собрание на Обединетите Нации или, пак, да бидат организирани директни разговори на ниво на министрите за надворешни работи. Втората опција е на средбата да се разгледа пакетот идеи што веќе ги изнел Нимиц и врз основа на нив да се конкретизира формален предлог за решавање на спорот со името на сесијата на Генералното собрание.
XS
SM
MD
LG