Достапни линкови

ССМ најавува протести, Конфедерацијата на синдикати смета дека законот има и подобрени членови


Во Сојузот на синдикатите по најавата дека ќе се спртистават на измените во законот за работни односи што го усвои Собранието, не може да кажат со колкаво членство ќе се води работничката битка, најавена за средината на октомври. Синдикатот до 15 ти овој месец ги задолжил претсвниците на 17 гранкови синдикати колку што има членки ССМ да разговараат и да се договората дали ќе се одржи генерлен штрајк што подразабира неработење на работното место или протести на улица, вели Пеце Груевски:

„Ние не бараме поддршка за нас, туку членовите треба да излезат и да го искажат незадоволството. Значи, ако сметаат дека овој закон е добар и не протестираат бе може да се каже дека не сме добиле поддршка, ние не бараме да не поддржуваат, бараме за нив. “

Според претседателот на Конфедерацијата Раско Мишковски барњето на ССМ законот да се врати на азргледуавње во еконоскио социјлниот свет е нерифатливо
поради нелегимноста на Советот во кој Конфедерацијата не е членка:

„Има членови кои се подобрени, ова повеќе е маркетинг на ССМ за да се оправда кај нивното членство.“

Спривно на ова во ССМ велат дека работниците не сметаа да бидата неми набљудувачи на кршњето на работничките права за кои ќе стане збор на генерлниот штрајк или протестите

„Ова е најдрастично кршење на правото на работниците од осамостојувањето на државата. Договорот за вработуавање се продолжува од четири на пет години, се намалува правото на годишен одмор, се губи евиденцијата дали на работникот работодавачот му исплаќа придонеси за пензиско осигурување, прогласувањето на технолошки вишок, а работодавачот веќе наредниот ден може да вработи.“

ССМ бара средба со премиерот од кој ке побараат можност од измени на законот но во минстерството за труд и социјлана политика засега ги повторуваат аргумнтите со кои владата ја барани опрвдансот од донесуавњето на ова законско решение:

„Направено е усогласување со одредени одредби од Уставниот суд и законот за прекршоци.“
XS
SM
MD
LG