Достапни линкови

На долг рок трговскиот дефицит голем проблем за македонската економија


Трговскиот дефицит е одржлив за економијата се додека таа може да го финансира. Македонската економија засега го издржува финансирајќи го од девизните резерви но на подолг рок тоа нема да може да го прави поради тоа што сепак девизните резерви не се натолку високо ниво а се поради слабата извозна способност на македонската економија. Во тој момент тој ќе почне да претставува голем товар за македонската економија, предупредуваат експертите.

„На долг рок таа ќе стане неодржлива, значително ќе ја оптеретува македонската економија и таа доколку не направи промена на стопанската структура, ќе се најде во незавидна ситуација. За жал, стопанската структура не се менува лесно, мора да се има национална стратегија за реформи, какви производства сакаме да имаме и за кои пазари,“

вели професорката Ирена Кикеркова

Структурата на македонското стопанство е таква што тоа е речиси целосно зависно од увоз на суровини од надвор за потребата на преработувачките капацитети во земјава а од друга страна во нашиот извоз доминираат непреработени стоки и суровини, односно производи кои имаат ниско ниво на финализација и имаат ниски цени на светските пазари. Професорот Томе Неновски вели дека постои можност трговскиот дефицит позитивно да се оцени и да го поттикнува развојот на економијата ако се увезуваат суровини кои ќе влезат во производството на стоки и услуги кои би ги продавале во странство

„Меѓутоа, ако станува збор за увоз на луксузни производи или стоки за широка потрошувачка. Имаме неверојатен случај да се зголемува увозот на автомобили кога цената на горивата растат, тогаш доаѓа до одлевање на капиталот.“

Финансирањето на трговскиот дефицит е клучниот елемент во неговата одржливост за економијата додава Неновски при што важноста од странски инвестиции е од најголемо значење.

Во првата половина од годинава покриеноста на увозот со увоз е 58,6 проценти а трговскиот дефицит ја достигна бројката од милијарда и 750 милиони долари.Очекувањата се дека сосотојбата со трговскиот дефицит и натаму ќе се влошува поради зависноста од увоз на енергија чија цена на светската берза постојано се зголемува а се појавува и нејзин недостиг.
XS
SM
MD
LG