Достапни линкови

Наместо датум, ќе добиеме забелешки, согласни аналитичарите и опозицијата


Вицепремиерот задолжен за евоинтергации Ивица Боцевски и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски денеска во Брисел реферираат за постигнатото во остварувањето на осумте критерими кои ни ги зададе европската унија. Како што најавија врз основа на резулатите ке побараат и датум за почеток на преговорите.

„Секогаш кога Македонија е оценета по стандардите и секогаш кога оваа влада е оценета по стандардите постигнува максимални резултати,“

ова е изјавта Боцесвки дадена вчера по повод заминување во Брисел. Наспроти неговите позитивни најави опозицијата тврди дека Резулатите постигнати за зададените осум критериуми се далеку од добри. Роза Топузовска Каревска од Либерално демократската партија наместо датум очекува забелешки во извештајот од Европската комисија

„Еден до приоритетите којшто ни ги постави ЕУ беше воспоставување на политички дијалог, во тој поглед наместо да ги подобриме односите отидовме многу чекори назад. ЕУ ни укажуваше дека не ни се потребни предвремени избори и нема да беше многу страшно ако ги немавме инцидентите коишто се случија.“

Малку се областите додадава таа кеаде што има остварено напредок.

„Во секој случај можам да кажам дека имаме напредување во фискалната дициплина, точно е дека повеќе се собираат даноци.“

И аналитичарот Ризван Сулејмани не очекува позитивен развој на настаните врз основа на сработеното дома.Според него најголемите критики ке ни бидат упатени во областа на реформите во судтвото

„Политиката посебно во судскиот систем е длабоко вмешана и дури таа станува заробеник на политиката.“

Каревска очекува владата својот неуспех на евроинтгративниот план да го оправдува преку проблемот со името со Грција посочувајки ја Атина како кочничар на нашиот напредок:

„Во агендата на популистичката политика што ја води оваа влада се бараат надворешни непријатели за внатрешниот неуспех“

И Сулејмани со слично мислење но за ваквата состојба тој ја обвинува и опозицијата

„Опозицијата нема умешност да се маскира оваа политика, плашејќи се појавно да зборува околу проблемот со името. Дозволува владата вело време да го користи, во име на консензус кој го нема или е лажен.“

И додека грчката шефица на дипломатија Дора Бакојани постојано посочува дека без решение на спорот нема Македонија нема да се приближи до Брисел, Боцесвки вчера потенцираше дека тоа не е дел од обвските што треба да ги исполните за членство во Унијата.
XS
SM
MD
LG