Достапни линкови

Вистината е некаде на среднина, оценуваат економистите


Наместо инфлација во последниве два месеца во Македонија има дефлација- објави министерот за финансии Трајко Славески. Од друга страна опозицијата обвинува дека владата го објавува само она што на нејзе и одговара а за негтаивните работи молчи. Недостигаат инвестиции, невработенсота сеуште е голема- вели Андреј Петров од Социјал Демократскиот Сојуз.

„Она што е евидентно за сите луѓе е дека ветувањата постојат, надежите опстојуваат, но нешто драматично како исчекор напред не ни се случува, ниту на инвестициски план, ниту во делот на вработувањата.“

Очекуваме поголемо подбрување но и во моментов економската слика на државата се наога во подобра состојва отколку порано - вели Аднан Јашари од владеачката ДУИ. И тој ги споменува намалувањето на инфлацијата и на стапките за придонеси како показатели за подобрување на целокупната економска состојба

„Да се намалат придонесите, односно стапката на инфлацијата, треба да се има економска основа. Позитивните резултати во однос на развојот на економијата постојат.“

Селективното прикажување само на позитивните информаци е практика на секоја влада па и на оваа вели универзитетскиот професоет Ванчо Узунов. Ситуацијата реално е нешто мегу она што го обајвува власта и обвинувањата од страна на опозицијата додава тој

„Работата е во тоа што владата сака да ги прикаже работите порозово отколку што се, а опозицијата сака работите да ги прикаже полоши отколку што се – вистината е некаде на средина.“

Според него очекувањата на граганите и бизнисмените за подобро утре создадени врз основа на ветувањата полека почнуваат да спласнуваат

„Граѓаните гледаат дека и оваа влада како и пртходните ќе се труди, труди, труди. Но, економијата ќе напредува толку колку што има моќ да напредува. Ако граѓаните беа уверени дека ќе расте стандардот, па се трошеше повеќе отколку што се има, полека и тоа стивнува.“

Дел од надежите за зголемување на инвестициите и намалувањето на невработенсота беа базирани и врз основа на очекувањата за влез во НАТО и приближување до Европската Унија. Но министерот за надворешни работи Милошоски завчера вети влез, но најави дека спорот со името со Грција може да трае и во наредниве четири години. На прашањето како ке ги реализираме овие цели без решение за спорот Јашари вели:

„Тоа е чувствително прашање, прашање за иднината на Македонија. Тоа е прашање што треба да се реши и за да се реши треба да се направи напор и од позицијата и од опозицијата.“
XS
SM
MD
LG