Достапни линкови

Тбилиси: Грузиските власти ја отфрлија оценката на Медведев дека Саакашвили е политички мртовец


Грузиските власти ја отфрлија како неприфатлива оценката на рускиот претседател Димитри Медведев дека грузискиот лидер Михаил Саакашвили е политички мртовец. Шефот на советот за национална безбедност Александар Ломаиа изјави дека со ваквата изјава Медведев уште еднаш покажал дека ја губи контролата. Медведев исто така ги обвини Соединетите Држави дека ја поддржале грузиската агресија во Јужна Осетија.
XS
SM
MD
LG