Достапни линкови

Азербејџан: Започна турнејата на американскиот потпретседател Дик Чејни


Американскиот потпретседател Дик Чејни пристигна денеска во Азербејџан, прва етапа во неговата еднонеделна турнеја во рамките на која ќе ги посети и Грузија и Украина. Чејни остро ја критикуваше Русија за нејзината интервенција во Грузија, па на неговата посета Тбилиси се гледа како на уште една поддршка на грузиските власти. Во меѓувреме, во Вашингтон е најавено дека американската администрација денеска ќе обелодени оти на Грузија ќе и даде помош од милијарда долари.
XS
SM
MD
LG