Достапни линкови

Никозија: Почнаа преговорите меѓу лидерите на кипарските Грци и Турци


Лидерите на кипарските грци и на кипарските турци Димитрис Христофијас и Мехмед Али Талат ги почнаа денеска првите директни разговори за обединување на островот. Тие се сретнаа на неутрална зона која го дели главиот град Никозија и која е под контрола на Обединетите нации. На разговорите присуствува и новоименуваниот пратеник на Светската организација за Кипар министерот за надворешни работи на Австралија Александар Даунер. Кипар е поделен од илјада деветстотини седумдесет и четврта година по турската инвазија како одговор на грчкиот пуч во таа земја.
XS
SM
MD
LG