Достапни линкови

logo-print

Анкара: Рускиот шеф на дипломатијата Лавров на разговори во Турција


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров е во посета на Турција на разговори за кризата во Грузија и за руско – турските трговски несогласувања. Русија воведе засилени контроли за увоз на производи од Турција, на што Анкара гледа како на казна поради тоа што им дозволи на американските воени бродови да достават хуманитарна помош за Грузија. Лавров и турскиот шеф на дипломатијата Ал Бабачан ќе разговараат и за планот на Турција за стабилизација на Кавкаскиот регион.
XS
SM
MD
LG