Достапни линкови

logo-print

Хирошима: Спикерот на американскиот претставнички дом оддаде почит на жртвите од атомската бомба


Спикерот на американскиот Претставнички дом, Ненси Пелоси, денеска положи венци во меморијалниот центар за жртвите од атомската бомба во Хирошима. Таа е највисоко рангиран американски официјален претставник кој им оддаде почит на жртвите од атомската бомба што ја фрлија Соединетите Држави во 1945-та година. Пелоси, во Хирошима учествува на состанокот на парламентарните спикери на групата 8 индустриски најразвиени земји во светот.
XS
SM
MD
LG